Соопштение за јавност
Претседавачот на Централниот Одбор на СДСМ, Пеце Мирчевски вчеравечер се сретна со граѓани, членови и поддржувачи на партијата од Општина Чаир.
На средбата се разговараше за мерките од Планот за живот во Македонија кои се остваруваат, а носат повеќе пари за граѓаните, обезбедуваат нови работни места, повеќе инвестиции и економски раст, а се зборуваше и за процесот на приближување на Македонија кон ЕУ и НАТО.
– Мерките што ги спроведуваме во изминатава година зад нас даваат конкретни и потврдени резултати. Последен пример е приливот на странски инвестиции за првите три месеци од оваа година. Поради успешните економски политики, само во првите три месеци од 2018 година, во Македонија влегле странски инвестиции од 235 милиони евра, што е повеќе отколку во цела 2017 година. Граѓаните остануваат врвен приоритет на за СДСМ. Се обврзавме и работиме во насока да го подобриме секојдневниот живот, да ги намалиме трошоците, а воедно да ги зголемуваме платите, се со цел до крајот на 2019 година просечната плата да достигне 500 евра. Градиме концепт на едно општество-земја за сите свои граѓани. Годината што измина е година на промени за сите, рече Мирчевски
Мирчевски истакна дека успешната надворешна политика на Владата предводена од СДСМ ја врати Македонија на вистинскиот пат и конечно повторно се отвораат европските перспективи за нашата земја.
Претставници на раководството на СДСМ продолжуваат на средби со граѓаните од населените места ширум Македонија, отворено се разговара со граѓаните за сите актуелни прашања, се слуша нивниот глас и се следат нивните потреби.