Соопштение за јавност
„ВМРО ДПМНЕ ќе ја одложува евроинтеграцијата на Македонија во недоглед. Тие немаат ниту план, ниту пак се доследни во остварувањето на стратешките цели. Тоа го правеше и Груевски, Мицкоски само ќе продолжи кај што застана тој“, истакна претседателот на СДСМ и Димитар Ковачевски, на вечерашниот митинг на Коалицијата за европска иднина во Драчево, општина Кисела Вода.
„Немајте дилема дека оваа земја нема да се помести ни милиметар напред со ВМРО. Ќе глумат дека работат, а во реалноста нема ништо да се менува. Сме го виделе тоа со Груевски, знаеме како изгледа. Не сакаме само лоша реприза на неговото владеење“, порача Ковачевски.
Лидерот на СДСМ рече дека преголема моќ за десничарска партија како ДПМНЕ автоматски ќе значи убиство на ЕУ перспективите на државата.
„Ги повикувам сите прогресивни граѓани кои ѝ мислат добро на државата, да излезат на изборите на 8-ми мај и да изберат европска иднина со СДСМ и коалицијата, да гласаат ЗА Стево Пендаровски за Претседател и да им кажат одлучно НЕ на деструктивните сили кои заговараат внатрешни конфликти и поделби и надворешни изолации и блокади.“
Ковачевски потенцираше дека овие избори се исклучително важни, бидејќи ова е времето во кое Македонија има вистинска шанса, каква што немала никогаш досега, да стане дел од Европската Унија. Тоа ќе донесе подобар животен стандард, поквалитетно здравство и образование, поефикасна борба против криминалот и корупцијата.