Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ партијата што остави пустош во секое поле, е најмалку повикана да зборува за состојбата во државата. Владата предводена од СДСМ иако наследи разнишан систем, со домаќинско и одговорно работење успева да ја стабилизира економијата и да ја врати довербата на граѓаните во институциите.
Клучните ветувања за почетокот на мандатот се реализирани. За само 11 месеци, Владата предводена од СДСМ направи повеќе отколку ВМРО-ДПМНЕ за 11 години. 90.000 семејства директно ги почувствуваа придобивките од покачување на минималната плата, трошоците за живот се намалени преку укинувањето на радиодифузната такса и воведувањето на евтината тарифа на струјата. Успешните економски политики овозможија државата да добива најниски економски стапки во историјата.
За само 11 месеци со одговорно и транспарентно работење, Владата предводена од СДСМ ја врати довербата на граѓаните во институциите, а реформите во судството овозможуваат неселективно владеење на правото, правда за сите и независно судство ослободено од партиски притисоци.
ВМРО-ДПМНЕ успеа да ја приватизира државата и со расипничко и криминално владеење да им наштети на граѓаните. Новата Влада предводена од СДСМ преку домаќинско и транспарентно работење покажува како се работи во корист на граѓаните кои ги чувствуваат придобивките од спроведените мерки коишто овозможуваат економски раст и повисок животен стандард.
Скопје, 15.05.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА