Соопштение за јавност
Ниту еден измислен случај, ниту една манипулација на ВМРО-ДПМНЕ не може да ја прикрие нивната безидејност и очај, ниту пак ќе ги избрише катастрофалните последици од нивното 11 годишно криминално и расипничко владеење.
Лицемерни и залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да измислува случаи онаму кадешто ги нема. Според јавно достапните информации, првиот договор за истражување на минерална суровина – глина, во општина Василево, фирмата Тотал Инженеринг со Владата на Република Македонија го има потпишано 2015 година. Tокму во времето кога премиер на владата беше Никола Груевски, тогашен претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Откако била остварена претходно утврдената постапка во која се запазени сите законски и правни регулативи и се добиени позитивни мислења од сите надлежни институции, Владата во 2018 година ја усвоила одлуката за доделување на концесија и за експлоатација на минерална суровина – глина на село Дукатино.
Земајќи ги предвид реалните факти станува јасно дека нема никаков конфликт на интереси, туку дека се работи единствено за финиширање на постапка започната уште во 2015 година, за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ како одговорна партија неколкупати ги повика сите надлежни институции и сите граѓански и невладини организации кои се бават со прашања на конфликт на интереси темелно да ги проверат измислените случаи на ВМРО-ДПМНЕ и за сите наоди транспарентно да ја информираат јавноста.
ВМРО-ДПМНЕ одново покажува дека покрај лажните вести единствен начин на делување им се измислени случаи преку кои се обидуваат да ја манипулираат јавноста. Со тоа, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со поразените политики на Никола Груевски и работи единствено за дневно политички интереси, а не за интересите на граѓаните.
Скопје, 11.05.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА