fbpx

ВМРО-ДПМНЕ нанесе огромни штети врз високото образование, новиот Закон е во интерес на професорите и студентите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пред да се впуштат во неговото коментирање, во ВМРО-ДПМНЕ треба внимателно да го прочитаат Законот за високото образование.

Партијата којашто со 11 годишното неодговорно и криминално владеење го урниса образованиот систем и нанесе огромни штети врз високото образование нема никаков кредибилитет да зборува за состојбите во образованието.

Јавноста не заборава дека за време на нивното 11 годишно владеење, студентските претставници се избираа на насилен начин со злоупотреба на специјална полиција, која упаѓаше во читална и брутално малтретираше студенти.

На јавноста и е целосно јасно и во потполност ја разбира агонијата и стравот што независното студентско движење го предизвикува кај ВМРО-ДПМНЕ.

Со денешните реакции, ВМРО-ДПМНЕ остава впечаток дека не може да ги надмине погубните политики на Никола Груевски и продолжува да се однесува лицемерно кон студентите и професорите.
За бесплатно студирање и ослободувањето од плаќање партиципација ќе одлучува Националниот совет за високото образование, кој ќе предложи ослободување од партиципација за лицата со инвалидност, лица без родители, но и други лица и студенти со висок просек да бидат ослободени од партиципација за студирање.

За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога професорите и студентите беа манипулирани и малтретирани, а образованието урнисано, Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство посветено работат на создавање на квалитетно високо образование коешто е во интерес на студентите, пофесорите и универзитетите.

 

Скопје, 03.05.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈA

 

 

Последни вести