fbpx

Мицкоски останува на браникот на криминалот, корупцијата и расипништвото на неговиот Груевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски одново пропушти прилика да се дистанцира од политиките на поделби и деструкција на неговиот претходник Никола Груевски што беа силно поразени од мнозинството граѓани.

Со тоа Мицкоски покажува дека останува на браникот на криминалот, расипништвото и корупцијата што неговата партија и неговиот Груевски ги правеше цели 11 години.

Мицкоски досега е запаметен единствено по продолжување на деструктивните политики и ширењето на лажните вести.

Македонија тргна напред како едно општество за сите, модерна држава пријател на регионот и Европа и никакво деструктивно дејствување на ВМРО-ДПМНЕ нема да го запре процесот на реформи, интеграција и развој.

 

Скопје, 03.05.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести