fbpx

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести, АД ЕЛЕМ произведува електрична енергија онолку колку што е моќноста на електраните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Наместо да шири лажни вести Горан Чогеља прво треба да се запознае со елементарните работи во енергетиката. Потоа да им се извини на граѓаните за предзвиканите штети, бидејќи во времето кога токму тој и Христијан Мицкоски го советуваа Никола Груевски, беше укината евтината тарифа на електричната енергија, а Македонија доби две тужби поради неспроведување на енергетски реформи.

АД ЕЛЕМ јавно соопшти дека може да произведува електрична енергија преку хидроелектраните онолку колку што е нивната моќност. Електраните Глобочица и Шпилје два и пол месеци работат со максимален капацитет и се произведува електрична енергија според максималната инсталирана моќност на тие капацитети.

По енергетскиот пустош што го остави, ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за енергетика. Особено што нивниот претседател Мицкоски петти ден се крие од јавноста и не дава одговори на прашањата поврзани со договорите вредни10.5 милиони евра, склучени во период кога токму тој раководел со ЕЛЕМ.

Владата предводена од СДСМ како и сите надлежни институции и претпријатија работат одговорно, транспарентно во градењето на ефикасен, модерен и стабилен енергетски сектор.

Извештајот за одржлив развој на Енергетска заедница посветен на земјите од Западен Балкан, кој Македонија ја рангира на прво место во регионот во однос на напредокот во исполнување на енергетските реформи е доказ за исправноста на досегашната работа.

 

Скопје, 19.04.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

 

Последни вести