fbpx

Времето на криминал и расипништво во енергетиката заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ од власт, АД ЕЛЕМ работи законски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ, партијата-синоним за криминал, расипништво и коруптивно однесување, продолжува со ширење на лажни вести.

Не е точна веста дека АД ЕЛЕМ раскинало договор за ископ на јаглен без да се избере второрангираната компанија на тендерот. Како што јавно сооопштија од АД ЕЛЕМ, по откажувањето на прворангираната компанија, и бил понуден договор на второрангираната компанија. Второрангираната компанија писмено одговорила дека не се согласува да ја продолжи работата по цената која претходно ја понудила. Со тоа се создадени законските услови, согласно Законот за јавни набавки, и АД ЕЛЕМ распишало тендер по итна постапка за ископ на јаглен.

Заврши времето на криминал и расипништво во енергетиката и партизиирање на државните компании кои функционираа како фирми на ВМРО-ДПМНЕ. Новите раководства на ЕЛЕМ, РЕК Битола и останатите државни и јавни претпријатија работат домаќински, одговорно и во интерес на граѓаните, а не во интерес на мала група поединци, како што беше случај за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да шири лажни вести ВМРО-ДПМНЕ треба да се дистанцира од поразените политики на Никола Груевски и вистински да се реформира.

 

Скопје, 12.04.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести