fbpx

ВМРО-ДПМНЕ со години го криеше бројот на вработени во администрацијата, процесот на реформи обезбедува независни државни институции

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога бројот на лица вработени во државната и јавната адиминстрација се криеше од јавноста, Владата предводена од СДСМ за првпат јавно го објави вкупниот број на лица вработени во администрацијата.

Покрај тоа, објавен е и бројот на вработени лица во акционерски друштва во државна сопственост и бројот на лица вработени преку агенции за времени вработувања. Токму времените вработувања со години беа злоупотребувани и користени за масовно вработување на партиски кадри од страна на ВМРО-ДПМНЕ и партизација на администрацијата.

Започнатиот процес.на реформа и ослободување на администрацијата од страна на Владата предводена од СДСМ, обезбедува стручна, отворена и независна администрација и професионални институции коишто работат во служба на граѓаните.

Владата предводена од СДСМ останува доследна на воспоставените принципи на отвореност и транспарентност и одговорно продолжува со спроведување на мерките што градат професионални и независни институции.

 

Скопје, 31.03.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести