fbpx

Спасовски: ВМРО-ДПМНЕ ја замајува јавноста со дестабилизација, за да го прикрие катастрофалното работење

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Многу е несериозно претседател на влада да излезе и да изнесе една таква информација дека се подготвува дестабилизација, дополнитело таа информација да ја потврди министерот за внатрешни работи и при тоа да не се презема ништо од државните органи. Oва е чисто замајување на јавноста, за да се прикријат сите работи кои катастрофално се спроведуваат на почетокот од фомрирањето на оваа влада, истакна координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски, при гостувањето во вестите на Сител телевизија.

Aко се подготвува дестабилизација, нарушување на уставниот поредок или било што друго што може да го загрози мирот во државата, територијалниот интегритет и суверенитет, здравјето и животот на граѓаните итн., тогаш подготвките се кривични дела и треба веднаш да се реагира а тие што го подготвуваат тоа да бидат приведени и да сносат одговорност. Бидејќи тоа не се случува, ова е чисто замајување на јавноста, рече Спасовски.

Тој додаде дека ова е веќе видена работа, која постоеше до 2017 година, кога им беше потребно на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, кои тогаш беа во коалиција, секогаш се креираше некаква криза, пред се на национална основа, па едните се најголемите Македонци, другите најголемите Албанци, па едните ќе ги штитат едните, другите другите, на сметка на мирот и спокојството на граѓаните.

-Доколку има било какви индиции веднаш треба да заседаваат и Советот за безбедност и Советот за координација за безбедносно разузнавачката заедница, меѓутоа првично да се вклучи ЈО, секој еден што подготвува било какво загрозување на територијалниот интегритет, суверенитет, мирот, стабилноста на државата, мора веднаш да се преземаат мерки за да не дојде до една таква ситуација. Доколку не се преземаат мерки, не е ништо друго туку чисто политикантство, кое сака да се користи за дневна политика, со кое крајно се вознемируваат граѓаните, се создава нездрава, нестабилна атмосфера за бизнисот, ова се премногу сериозни прашања, за кои треба сериозен државнички пристап, истакна координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски, при гостувањето во вестите на Сител телевизија.

Последни вести