Соопштение за јавност
Додека ВМРО-ДПМНЕ секој можен ден ја труе јавноста со прес конференции на кои наводно го напаѓа ДУИ, зад грбот на граѓаните прави дилови со истата ДУИ.
Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ функционира, повторно се заедно.
Во Собранието ВМРО-ДПМНЕ реализираше еден од договорите на коалицијата ДПМНЕ-ДУИ со формирање на тело за следење на правична застапеност на заедниците.
Истата таа ВМРО-ДПМНЕ која ветуваше укинување на балансерот, со реализација на договорот со ДУИ го издгигна на повиско ниво, на ниво на Собранието.
Сега имаме надграден и проширен балансер за чија примена ќе биде надлежно Собранието.
Насабајле Мицкоски вели дека ДУИ ќе ја дестабилизира државата а попладне во Собрание неговите пратеници гласаат заеднички одлуки со ДУИ.
Да не станаа сочучесници во планот за дестабилизација?
Ќе излезе ли Митева сега да ги обвини пратениците на ВМРО-ДПМНЕ?
Што друго е договорено меѓу ДПМНЕ и ДУИ?
Едно е јасно, договарањата под маса, манипулациите и лажните јавни конфликти меѓу двете партии се методи кои се видени во минатото и веќе не поминуваат, граѓаните ги препознаваат.