fbpx

Извршителите нема да блокираат сметки на приматели на социјална помош, се унапредува заштитата на лицата од социјален ризик

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Владата предводена од СДСМ неодамна реализира уште едно ветување дадено пред граѓаните, кое се однесува на ранливите категории граѓани и кое обезбедува заштита на лицата кои се во социјален ризик.

Неодамнешното потпишување на Меморандумот помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Комората на извршители на Република Македонија, со којшто извршителите се обврзуваат да не ги блокираат сметките на лицата кои се приматели на социјална помош, ги заштитува правата на лицата кои се во социјален ризик со тоа што се спречува блокирање на нивните сметки.

Со потпишувањето на Меморандумот, Владата предводена од СДСМ ја изразува подготвеноста за соработка на полето на спроведување на социјалната политика и на Законот за извршување. Соработката ќе се темели согласно прописите за заштита на личните податоци и согласно начелата и постапките предвидени во Меморандумот за соработка.

Владата предводена од СДСМ продолжува со одговорно и посветено спроведување на реформите што обезбедуваат квалитетен живот за сите и истовремено ја промовираат и унапредуваат социјалната правда и ги заштитуваат лицата – приматели на социјална помош.

 

Скопје, 02.01.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести