Соопштение за јавност
Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што државните институции повеќе не работат за интересите на Никола Груевски и неговите соработници, туку во служба на законите и граѓаните.
Злоупотребата на институциите за партиски цели, нивната селективност во работењето и привилегираноста на одредени фирми и поединци беа одлика на 11 годинишното криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа време на селективност и притисоци врз приватниот сектор заврши со заминувањето на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.
Денес, сите државни институции вклучително и Управата за јавни приходи работат професионално, неселективно, професионални и независно, во интерес на граѓаните и во служба на законите.
Времето на привилегираните и непочитувањето на законите на штета на граѓаните и фирмите заврши, Македонија станува правна држава во која законите важат за сите подеднакво.
Скопје, 18.11.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА