Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ партијата што 11 години ги задолжуваше граѓаните за да се остваруваат криминалните интереси на Никола Груевски и неговите соработници, денес очајнички се обидува да шири лажни вести за црни економски сценарија.
Со одговорното и успешно управување со финансите, Владата предводена од СДСМ ја стабилизира економијата, а со финансирањето на буџетскиот дефицит преку најповолни услови, навремено и евтино ќе се сервисираат долговите направени од децениското некотролирано, нетранспарентно и расипничко задолжување за криминално богатење на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.
Сите категории на граѓани ги чувствуваат придобивките од успешното економско работење на Владата предводена од СДСМ, кое ги намалува непродуктивните трошоци, ги сервисира долговите и насочува повеќе пари кон граѓаните, а потврда за тоа е и новиот предлог Буџет за 2018 година кој што обезбедува финансиска и економска стабилизација на државата, услови за раздвижување на економијата и повисоки плати во образованието, здравството, безбедноста и детската заштита.
Скопје, 17.11.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА