fbpx

Заев: За младите ќе обезбедиме перспективи, ајде да ја дозавршиме работата и да славиме живот и во Демир Капија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

-Нека е со среќа и победата и слободата во Демир Капија. Овде ќе има и перспективи, и прогрес, ќе има и живот, оцени претседателот на СДСМ, Зоран Заев на митингот во оваа општина.

-Ви се поклонувам на храброста и одважноста, железни врати отворивте, не е лесно да се порази режим тука. Покажавте дека желбата за промени не може ништо да ја спречи, рече претседателот Заев.

-Овој дел од Тиквешијата, овој работлив народ заслужува добри перспективи. Наша заeдничка задача е да обезбедиме економски развој, вински туризам, фабрики, работни места. Веднаш ќе интервенираме финансиски да ги стабилизираме општините. Ќе има поддршка за малите и средни претпријатија, развој на инфраструктурата, рече претседателот Заев.

Тој им се обрати на младите:
-Не заминувајте лесно, ќе направиме сѐ да обезбедиме достоинствени плати тука, тука да ја градите својата иднина и иднината на Република Македонија.

-Доаѓаат светли денови во Македонија, важно е како ќе се поставиме како граѓани, како локална, како централна власт, рече претседателот Заев.

Тој повика дека новата локална власт ќе се грижи за сите.

-Само заедно можеме напред, повика претседателот Заев.

-Се случува слобода и живот низ цела Македонија. Ајде да ја дозавршиме работата, на 29 октомври да се слави живот и во Демир Капија, рече меѓу другото претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на митингот во Демир Капија.

 

 

 

 

Последни вести