Соопштение за јавност
Лажни вести се информациите дека странски инвеститори заминуваат од земјата. Интересот на инвеститорите се зголемува.
Со лажните вести што ги пласираат Христијан Делев и ВМРО-ДПМНЕ не можат на ниту еден начин да ги засенат ефектите што Владата предводена од СДСМ ги постигнува со објавувањето на Планот за економски раст кој овозможува еднакви услови за инвестирање на домашните и странски инвеститори на транспарентен и отворен начин.
Заврши времето во кое ВМРО-ДПМНЕ трошеше 225 милиони евра на граѓаните, тајно, за неефикасни политики и за полнење на приватни џебови во врвот на партијата.
Лажните вести нема да и помогнат на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Граѓаните на претстојните локални избори ќе го казнат криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и на локално ниво.
Скопје,02.10.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА