Соопштение за јавност
Се поочигледен е стравот на ВМРО-ДПМНЕ од поразот на локалните избори. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека Благој Бочварски е новиот градоначалник на Штип кој ќе спроведе темелни и квалитетни реформи во инфраструктурата, економијата, културата и спортот со кои ќе се подобри квалитетот на живот на сите граѓани во Штип.
Заврши ерата на криминалното и недоговорно владеење на ВМРО-ДПМНЕ и на крадоначалникот и продолжена рака на Груевски, Илчо Захариев. По промените на локалните избори, Штип ќе добие нова одговорна, отворена и услужна локална власт што ќе работи во интерес на граѓаните и општината.
Скопје, 23.09.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА