Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ или пласира лажни вести или не престанува со своето лицемерно однесување. Токму ВМРО-ДПМНЕ ги обесправи пензионерите со тоа што им го скрати правото на пензионерите за законско усогласување на висината на пензијата со трошоците за живот.
Доколку ВМРО-ДПМНЕ не го ускратуваше законското усогласување на пензиите, денес, пензионерите ќе имаа и повисоки пензии но наместо тоа, ВМРО-ДПМНЕ си поигруваше со животниот стандард на пензионерите.
Показател за тоа дека ВМРО-ДПМНЕ воопшто не се грижеше за пензионерите, се долговите на фондот за ПИОМ и фактот што поранешната Влада во Буџетот не предвидела средства за покачување на пензиите. Наместо тоа партијата мислеше единствено на криминалните апетити на Никола Груевски.
Новата Влада предводена од СДСМ ја исправи неправдата кон пензионерите. Се спроведува законското усогласување на пензиите согласно растот на трошиците на живот и покачувањето на платите и по тој основ пензионерите ќе добијат дополнителни 2.160 денари за цела 2017 година, за просечна пензија.
Скопје, 10.09.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА