fbpx

Груевски останува фактор на деструкција и лаги, Законот за јазици е во согласност со Уставот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ повторно ја манипулираат јавноста со цел да се обидат да создадат нови вештачки поделби. Груевски очигледно останува заробен во сопствените политки на раздор, конфликти и изолација на граѓаните и државата.

Лажните вести се последната очајна стратегија на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Законот за употреба на јазиците не е противуставен, туку е во согласност со членот V од Уставот на Република Македонија и истиот ја унапредува употребата на сите јазици на немнозинските заедници и отвора шанса за изградба на едно општество за сите.

Дополнително, за разлика од долгогодишното запоставување на македонскиот јазик од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ системски ја унапредува употребата на македонскиот јазик.

Груевски останува единствен фактор на деструкција и човек кој не нуди решенија туку постојано создава проблеми. Залудни и очајни се неговите обиди преку лажни вести да ги манипулира граѓаните. Залудна и лицемерна е неговата денешна посета на Куманово, град, во кој Груевски од позиција на премиер не вложи ниту еден денар. Напротив, Куманово беше под постојани притисоци и опструкции од страна на владите на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски.

Затоа, на претстојните избори и граѓаните на Куманово и граѓаните на останатите општини ќе го казнат антидржавното однесување на Груевски и ќе го поразат ВМРО-ДПМНЕ, а општините ќе добијат нови одговорни локални власти предводени од СДСМ.

 

Скопје, 07.09.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести