fbpx

Тренчевска: Со Буџетот ВМРО-ДПМНЕ ги крати средствата за најранливите граѓани за 25%

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Предлог буџетот за 2025 година покажа дека имаме власт, која е суетна, манипулативна, нема демократски сенс, која покажува невидена ароганција, и власт која смета дека е најдобра и со лажен ПР во изминатите 6 месеци сака да ги увери граѓаните дека е најдобра, власт која секогаш дефокусира, кога во јавноста излегува афера, поврзана со неа, која по 6 месеци не може да сфати дека повеќе не е опозиција и се однесува како да не е на власт, истакна пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска, во своето обраќање на пленарната седница.

Тренчевска нагласи дека за најголемиот буџет досега од 6,5 милијарди евра, за прв пат во историјата власта не прифати ниту еден амандман од опозицијата, кои беа релани и со чие прифаќање ќе се обезбедеше подобрување на состојбите во одредени области, подобрување на животот на граѓаните, особено на социјално најранливите граѓани.

Во предлог-буџетот за 2025 година, прв на оваа власт, требаше да ги видиме политиките и мерките ветувани во плафтормата 1198, кои би требало да донесат подобар живот за граѓаните и економски развој за државата, но во буџетот од тоа што е ветувано во платформата нема да има ништо, ниту подобар животен стандард за граѓаните, ниту економски развој на државата, рече Тренчевска, додавајќи дека наместо тоа пред пратениците е буџет, кој што нереален, нималку развоен, туку трошковен, недомаќински, предизборен и најважно од се невизонерски, неинвентирен и буџет на нови долгови и нова изгубена година за граѓаните и економијата, буџет со кој се предвидува нереален раст на БДП од 3,7% наспроти прогнозите на СБ од 2,5% и на НБ од 3,3%.

Тренчевска нагласи дека со проектираниот дефицит од 4%, власта порачува дека законите важат за сите, но не и за неа, бидејќи овој дефиците е спротивен на законите и на маастришкиот критериум од најмногу 3% БДП и покажува дека во фискланата политика нема компас, не прави фискална консолидидација, како другите земји од Западен Балкан.

Имаме буџет кој ги задоволува потребите на 24 министри и нивните кабиенти, меѓутоа не и на граѓаните, не се приритет на граѓаните, особено ранливата категорија, истакна Тренчевска, најгласувајќи дека во буџетот најмногу се крати од буџетот на Министерството за социјална политика, демографија и млади, крати од најранливите, се крати од социјалните услуги, се крати кај трансферот до националните сојузи на инвалидски организации, се крати кај лицата со попреченост, и услугите кон нив.

За да дознаат граѓаните каков буџет имаме и колку ги пресретнува нивните потреби, ќе бидам конкретна преку бројки од предлог-буџетот. Трансферот кон инвалидските организации, сојузот на Црвен крст, граѓанските организации кои работат на борбата против семејно насилство и насилство врз жените, нашата социјално емпатична влада средствата ги намалила за дури 25%. Од 80 милиони на 60 милиони, рече Тренчевска, додавајќи дека се намалуваат средствата и за здруженијата на слепи, глуви и наглуви, со телесен инвалидитет, за трудови инвалиди, лица со интелектуална попреченост.

Да дојде до поголем израз емпатичноста, секако иронично, на владата, со буџетот се крати и кај социалните услуги, кои се вопставени во околу 40 единици на локланата самоуправа, услугите за помош и нега во домот за стари лица и помош и нега во домот за лица со попреченост, по личната асистенција за лицата и децата со попреченост, рече Тренчевска.

Таа нагласи дека владата си го покажа вистинското лице за грижа за најранливите, за лицата со пореченост и со намалување на буџетот за заштитните друштва за 3 пати во однос на 2024 година.

Социјална држава и подобрување на квалитетот на животот не се постигнува со кратење средства за најранливите. Погледенте си ја колеги од ВМРО платформата 1198, делот за социјална грижа за најранливите и засрамете се. Многу ветувања, и никава реазлиација, дури и укинување на можности кои веќе постојат за најранливите категории на граѓани. Исто е и кај социјалните надоместоци и права од социјална заштита, нагласи Тренчевска додавајќи дека во платформата 1198 им стои покачување од 10% на годишно ниво, воведување на нови права и зголемување на дел од постоечките права за 20-30%, со што ВМРО-ДПМНЕ потворно ги излажа граѓаните.

Тренчевска посочи дека кај капиталните инвестииции во социјалната заштита, за изградба на дневни центри за деца и лица со попречност, домови за стари лица се предвидени само 9 милиони денари, со кои нема да може ни да се сервисираат обврските за започнатите домови во Кавадарци, Македонски брод, Чешиново Облешево, Берово, Пробиштип, проекти на СДСМ во финална фаза, да се пуштат во употреба во 2025 година.

Нема пари во буџетот за покачување на минимална плата, нема за спроведување на обврските од општиот колективен договор за јавниот сектор, нема слух за синдикатите, нема намера да ја реализира новата методологија за пресметка на платите во јавниот сектор. За вашата негрижа може да се зборува многу, но само ќе кажам владата ги разочара најранливите, ги разочара работниците, ги разочара граѓаните во единиците на локланата самоуправа каде се воспоставени социјални услуги, ги разочара лицата со попреченост. Со предлог-буџетот за 2025 ги разочара со својата безидејност, лошто и нерелано планирање. Затоа нема да гласаме за ваков буџет, бидејќи нема да донесе економски раст, ниту подобар животен стандард за граѓаните, овој буџет есамо едно предизборно манипулурање со граѓаните. Буџетот што го испланира власта е од даноците на граѓаните за џебовите на ДПМНЕ, порача пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска, во своето обраќање на пленарната седница.

Последни вести