fbpx

СДСМ: Без јавна дебата власта турка измени на закони со кои го уназадува образованието

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција на СДСМ, Даниела Николова – пратеничка

Без јавна дебата власта турка измени на закони со кои го уназадува образованието

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Образованието е надпартиска и надетничка тема, значајна за целото општество но пред се за младите и нивната идина.

Затоа законите поврзани со образованието мора да бидат прашање на консезус во Собранието. Тој консензус се постигнува само со дијалог меѓу сите, и во ниеден случај не се постигнува со деструктивни тактики за исклучување на јавноста и на стручната фела, каков што е сега на сила турка измени власта на ДПМНЕ и Мицкоски.

Образованието на нашите деца е многу сериозна тема за да се менува без знаење и вклученост на сите кои се засегнати. Квалитетот на образованието не смее да зависи од тоа кој е на власт и од политичари кои ќе сметаат дека светот започнува со нивниот мандат.

И затоа е жално што сегашната Влада реши да ги повлече пакетот закони од областа на образование кои веќе беа влезени во собраниска процедура на почетокот на 2024 година, го поминаа првиот филтер на комисијатана, на кој се донесе и заклучок за организирање на јавна расправа.

Образложението за повлекување на законите од процедура, министерката Јаневска го образложи со тоа дека го подобриле текстот на Законите. Но, она што го добивме како текст на законите е уназадување на предлог решенијата, одземање на правото на глас на средношколците, озаконување на дискриминацијата, враќање назад на процесот на инклузија во образованието, вклучително и на децата со попреченост.

Комисијата за образование, наука и спорт, како и министерката Јаневска, не покажаа демократски капацитет и не го прифатија нашиот предлог за јавна расправа по сите Закони кои беа ставени на дневен ред, односно 6 од кои 5 се сосема нови.

Со тоа ја исклучија јавноста и стручната фела да ги искажат своите мислења и аргументи. Токму затоа сосема очекувана беше реакцијата од стрчуната фела како што е Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Институтот по педагогија при УКИМ и граѓанските организации кои се занимаваат со оваа проблематика.

Почитувани,
Во Законот за средно образование отсуствува можноста за организирање на средношколците на национално ниво што значи давање глас во одлуките кои ги засегаат. Ова значи враќање на режимското време од кое се роди средношколскиот пленум.

На кого му смета гласот на средношколците?

Ние како Социјалдемократски сојуз одамна ја апсолвиравме потребата за нови закони за образование. Во минатиот мандат предложивме измени кои сегашната власт ги блокираше. Но ние и тогаш, како и сега, велиме дека за образованието мора да има јавна дебата и консензус.

Ние имаме демократски и државнички капацитет и можеме низ разговор да ги прифатиме добрите решенија но, не ги прифаќаме уназадувањата. Време е власта да сфати дека ова општеството не се враќа назад. Ние не се враќаме назад. Изградивме механизам кој ги штити најранливите, и нема да дозволиме негово отстранување. Спремни сме да разговараме низ дијалог во Собранието, вклучувајќи ги сите засегнати страни да донесеме заедничко и добро решение кое нема да дискриминира.

Последни вести