Соопштение за јавност
Нивото на инвестиции во инсфраструктурата во Македонија беше ниско во изминатите 10 години што придонесе да има рурални средини без основни животни услови, без системи за снабдување со вода, фекални и атмосферски канализации. Патиштата, како еден сегмент во инфраструктурата беа запоставени.
Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и криминалните апетити на Никола Груевски ги чинеа граѓаните најмалку 100 милиони евра, колку што изнесува штетата од пропустите на започнатите автопатски делници.
Милионските штети од пропустите во изградбата на автопатите ја докажуваат злоупотребата на државните средства за богатење на поединци и неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ да се грижи и да работи во интерес на граѓаните.
За разлика од таквиот криминален и расипнички пристап, Владата предводена од СДСМ посветено работи на решавање на напластените проблеми и работи на унапредување на инфраструктурата во земјава како значаен сегмент.
Доказ за тоа е и последниот потпишан договор со кој се обезбедуваат средства во висина од 35,4 милиони евра за изградба на експресниот пат Дреново-Градско со што ќе може да се изгради и овој патен правец.
Македонија оди напред и добива модерна и ефикасна инфраструктура каква што заслужува секоја современа европска држава.
По промените на локално ниво што ќе се случат на следните избори и победата на СДСМ, ќе се отовори можноста преку домаќински и одговорен пристап да се подобри инфраструкрурата и на локално ниво, да се изградат локални патишта, системи за вода и канализации, во интерес на граѓаните и нивните основни животни потреби.
Скопје, 30.08.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА