fbpx

Владата предводена од СДСМ обезбеди евтина дневна тарифа на струјата за сите граѓани, нема да има никакво поскапувањe!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Водејќи се од воспоставените принципи на остварување на дадените ветувања пред граѓаните, Владата предводена од СДСМ ја враќа дневната евтина тарифа на струјата што ВМРО-ДПМНЕ ја укина.

Од први октовмри, секој ден од 14.00 до 16.00 часот сите граѓани ќе можат да користат електрична енергија по поевтина тарифа. Евтината тарифа ќе продолжи да важи и во периодот од 22.00 до 07.00 часот секој ден и 24 часа во недела.

Лажни се тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека враќањето на евтината струја ќе ја покачи цената на електричната енергија. Граѓаните да бидат спокојни. Ниту во моментов, ниту во блиска иднина нема да има никакво покачување на цената на електричната енергија.

Враќањето на дневната евтина тарифа на струјата ќе биде овозможено преку кратење на непродуктивните трошоци и домаќинското и одговорно работење на државните компании ЕЛЕМ и МЕПСО.

Со користењето на евтината дневна и викенд тарифа на струјата граѓаните ќе имаат можност да заштедат, ќе имаат пониски сметки за струја и ќе им остануваат повеќе пари во семејниот буџет. Ова е само една од низата мерки што ќе овозможат враќање на повеќе пари кај граѓаните, намалување на трошоците за живот и поголеми семејни буџети. Зборот е збор, Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство продолжуваат да работат чесно, одговорно и единствено во интерес на граѓаните.

Скопје, 29.08.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести