fbpx

Макотрпната работа на рударите нека биде пример да работиме понапорно за унапредување на правата на сите работници

Facebook
Twitter
LinkedIn

 

Соопштение за јавност 

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски во свое лично име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го честиташе 28 август, Денот на рударите во Република Македонија.

„Во име на СДСМ и во свое лично име го честитам 28 август, Денот на рударите во Република Македонија. Рударството отсекогаш била и ќе биде значајна стопанска гранка што придонесува за натамошен развој на целокупното стопанство.

Затоа, Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство посветено работат на унапредување на безбедноста и здравјето при работа и на унапредување на правата на работниците во ризични професии.

На сите рудари, нека им е честит Денот на рударите во Република Македонија и нека нивната посветена, макотрпна работа биде пример за сите нас да работиме уште понапорно за подобра иднина за сите нас“.

 

Скопје, 28.08.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести