Соопштение за јавност
После 11 години стоење во место, поради режимско, криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, Македонија сега оди напред водена од нови политики и вредности.
Заврши времето на чекање, заврши времето на злоупотреба на државата и иднината на земјата ставена исклучиво во функција на криминални апетити на Никола Груевски.
Новата власт предводена од СДСМ ги санира штетите од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, се реализираат реформи коишто ја враќаат земјата на евроатланскиот колосек, се спроведуваат мерки коишто ја движат земјата кон прогрес и носат повеќе пари кај граѓаните, зголемување на платите, зголемување на животниот стандард, подобрување на условите за работа на фирмите.
Македонија не чека повеќе, Македонија оди напред.
Скопје, 26.08.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА