Соопштение на јавност
Никола Груевски е исплашен од одговорноста што му следува и правдата што доаѓа.
По заминувањето на неговиот послушник и заштитник, поранешниот јавен обвинител Марко Зврлевски, паниката и очајот во настапите на Груевски се повеќе од очигледни.
Со промените и реформите што се случуваат, судството и обвинителството целосно ќе се ослободат од притиоците и партиските стеги што ги поставија Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ за да избегнат одговорност за злоупотребите, целокупното криминално владеење и штетите што им ги направија на граѓаните изминативе 11 години.
Согласно акцискиот план 3-6-9 ќе се воспостави професионален и независен судски систем, правдата ќе биде достапна за сите, нема да постојат „сваровски судии“ од тефтерече, законот ќе важи еднакво за сите без разлика дали станува збор за функционери, градоначалници, директори или други јавни лица.
Започнат е процесот на враќање на правдата и правичноста во нашето општетство, но и на одговорноста за секое сторено кривично дело. Никола Груевски повеќе не може да ја спречува правдата, може само да ја дочека!
Скопје, 24.08.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА