fbpx

Наместо за барок, споменици и палми, парите на граѓаните се користат за повисоки плати и поголема помош за стопанството

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ не може да сокрие пустошот што го остави зад себе во економијата и огромните долгови што им ги остави на граѓаните, кога заради луксуз и расипништво го дуплираше јавниот долг за само осум години.

Парите на граѓаните повеќе не се трошат за палми, барок, споменици и криминални тендери како што правеше ВМРО-ДПМНЕ, туку сега тие се користат за повисока минимална плата, помош за домашните претпријатија и за решавање на деценискиот проблем со статусот на стечајните работници.

Тоа е разликата помеѓу криминалното, расипничко и неодговорно владеење на ВМРО-ДПМНЕ и домаќинското, отчетно и одговорно управување со финансиите на Владата предводена од СДСМ.

 

Скопје, 18.08.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести