Соопштение за јавност
Со неоснованите и неиздржани интерпелации ВМРО-ДПМНЕ покажува дека е против повисока минимална плата, против решавањето на проблемот со стечајните работници, против зголемена поддршка за домашните претпријатија, против реновирни училишта, против нови социјални центри.
Залудни се обидите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ преку апсурдни иницијативи за интерпелации да ги кочат реформите.
Парламентарното мнозинство и Владата предводена од СДСМ продолжуваат да работат на спроведување на реформите што носат повисока минималната плата, поголема помош за претпријатјата, повеќе пари кај граѓаните, решавање на проблемот со стечајните работници…
Македонија оди напред.
Поднесената интерпелација за мнистерката за труд и социјална политика, наводно поради Нацрт –Стратегијата за бегалци, што патем веќе еднаш била донесена во 2008 година од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, е врв на апсурдноста и лицемерието на опозициската партија.
Особено што изнесените невистини од ВМРО-ДПМНЕ се официјално и фактички демантирани: Стратегијата нема обврзувачки карактер, Македонија е транзитна земја за бегалците, што значи нема да остануваат во земјава и нема да се даваат државјанства за бегалци.
ВМРО-ДПМНЕ треба да ја надмине старата матрица на постојани опструкции на напредокот на државата и да ги поддржи реформите што ја движат Македонија напред, во интерес на сите граѓани.
Скопје, 08.08.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА