Соопштение за јавност
Во недостиг од идеи и без капацитет да ја надмине матрицата на криминалниот врв, ВМРО-ДПМНЕ очајнички се обидува да шири паника помеѓу граѓаните, целосно неосновано, без аргументи и со измислување на настани што немаат никаква врска со реалноста.
Согласно информациите на државните институции, случајот во Љуботен не е поврзан со пожарите.
Ваквото несериозно и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ е скандалозно и нечесно кон граѓаните и државата.
Надлежните институции заедно со сите ангажирани лица на терен прават се за нормализирање на состојбата и санирање на штетите од пожарите, за коишто, за дел од нив, постојат индиции дека се подметнати.
Преземени се сите неопходни мерки за локализирање и гаснење на пожарите, како и превенција од нивна повторна појава.
ВМРО-ДПМНЕ треба да ја надмине идејата за личен и партиски профит на која одамна е навикнато, да почне да се однесува сериозно и одговорно и да престане неосновано да шири паника.
Нема потреба од паника и лажни вести, граѓаните треба да бидат смирени, институциите работат на гаснење на пожарите и санирање на штетите.
Скопје, 06.08.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА