fbpx

ВМРО-ДПМНЕ не може да побегне од одговорноста за катастрофата што ја остави зад себе, сите даваат се од себе за целосно гаснење на пожарите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ не може да побегне од одговороноста за катастрофата што ја остави зад себе по 11 годишното криминално владеење.

Криминалното и расипничко владеење на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ зад себе остави нефункционален систем за справување со кризни ситуации, застарена и запуштена механизација и стара и дотраена опрема во службите задолжени за заштита. Дури и авионите за гаснење пожар не беа функционални се до доаѓањето на новата власт.

Сепак, дури и во такви тешки услови, сите ангажирани лица на терен, пожарникарите, припадниците на армијата и доброволците, задно со надлежните министерства и институции, даваат се од себе за што е можно побрзо локализирање и целосно гаснење на активните пожари, од коишто за дел од нив постои сомневање дека се подметнати намерно.

ВМРО-ДПМНЕ треба да ги остави надлежните институции да ја работат својата работа и да престане да шири паника помеѓу граѓаните.

 

Скопје, 05.08.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести