fbpx

Со повикот за бојкот на прославата за Илинден, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со старата пракса на создавање поделби и тензии меѓу граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Со повикот до своето членство да не присуствува на одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со старата пракса на создавање поделби и тензии меѓу граѓаните.

Оние кои лажно повикуваа на четврти Илинден, решија да го бојкотираат чествувањето токму на Илинден и на 2-ри Август, со што го погазуваат вековниот стремеж за слободна и независна Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ мора вистински да се реформира, да се надмине себеси и деструктивниот начин на однесување и конечно да стави крај на политиките што создаваат поделби меѓу граѓаните.

Одбележувањето на 2-ри август е заедничка вредност на сите граѓани на Република Македонија без разлика на нивната партиска, етничка или религиска припадност.

ВМРО-ДПМНЕ ниту смее, ниту може да им сугерира на граѓаните дали и како да го чествуваат празникот што е длабоко врежан во историјата на нашата заедничка Република Македонија.

 

Скопје, 01.08.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести