fbpx

Груевски трошеше расипнички, со ребалансот на Буџетот парите одат кај граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Никола Груевски се обидува да сокрие, но јавноста секојдневно сведочи како функционерите на ВМРО-ДПМНЕ расипнички се однесувале кон парите на граѓаните. Од ручеци и вечери од по стотици евра, преку милионски тендери за споменици и провизии за автопати, па се до барокни дворци, Груевски и функционерите на ВМРО-ДПМНЕ 11 години се луксузираа на сметка на осиромашените граѓани кои едвај преживуваа.

Спротивно од распничкото владеење на Груевски, ребалансот на Буџетот, ги следи реалните потреби на граѓаните и сериозно ги крати непотребните трошоци. Преку него, Владата предводена од СДСМ трајно ќе го реши проблемот со стечајците, ќе им помогне на приватните компании да исплатат зголемена минимална плата од 12 000 денари на околу 70 000 граѓани, а преку проектот „Младинска гаранција“ младите ќе добијат шанса за дообразување, вработување или платена пракса по завршувањето на образованието.

Скопје, 10.07.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести