fbpx

Ребалансот на Буџетот ги следи потребите на граѓаните, завршија нереалните и лажни проекции со кои ВМРО-ДПМНЕ 11 години манипулираше

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја манипулираше јавноста со лажни и нереални проекции за економскиот раст на Македонија. Со ребалансот, Владата предводена од СДСМ покажа дека следните чекори ќе бидат базирани на реална основа. Проекциите за капитални инвестиции досега се давале од ракав, за да изгледаат убаво и звучат помпезно, но во реалноста биле нереални планови. Затоа скратени се тие нереални планови кои и без ребалансот немало да се реализираат.

Ребалансот на Буџетот ги следи потребите на сите категории граѓани, а парите наменети за луксуз и непотребни трошоци се враќаат кај граѓаните. Заврши луксузирањето на државни функционери на сметка на граѓаните, што ВМРО-ДПМНЕ 11 години го практикуваше.

Владата предводена од СДСМ, преку ребалансот започнува да го исполнува ветувањето за повеќе пари кај граѓаните. Со новата распределба на средствата, ќе им се помогне на фирмите да исплатат нова зголемена минимална плата во висина од 12 000 денари на околу 70 000 граѓани веќе во септември, трајно ќе се реши проблемот на стечајните работници, а ќе започне и проектот „Младинска гаранција“ преку која младите ќе имаат можност за вработување или платена работа во приватниот сектор.

 

Скопје, 09.07.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести