fbpx

Еднаквоста пред законите е национален интерес, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да соберат храброст и да се соочат со правдата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Граѓаните имаа можност да го чујат, видат и почуствуваат криминалното и антидржавничко владеење на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, кога преку криминал, корупција, насилство, притисоци и сеење омраза и поделби, ракововодството на ВМРО-ДПМНЕ криминално се богатше на сметка на осиромашените и угнетени граѓани.

Денес, кога се соочени со одговорноста за направените дела, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ преку лаги, конструкции и манипулации се обидуваат да избегнат одговорност за се она што го сториле.

Груевски и ВМРО-ДПМНЕ мора да престанат да бегаат од правдата, да се ставаат над законите и правниот поредок и мора да соберат храброст да се соочат со одговорноста за направените штети врз граѓаните и државата. Сите, па вклучително и Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, мора да одговораат за своите постапки пред независен и професионален судски систем. Пред правдата сите мора да бидат еднакви и тоа важи и за Груевски и за ВМРО-ДПМНЕ.

Врвен национален интерес за сите граѓани е враќање на правдата и правниот поредок во државата. Македонија мора да биде и ќе биде правна држава во која законите ќе важат за сите подеднкаво без разлика на нивната етничка, верска, политичка или каква било друга определба.

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести