Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ 11 години го уништуваше судството и преку партизација на судските органи го погази правниот поредок. ВМРО-ДПМНЕ преку своите инсталации во Сваровски судството цели 11 години нарачуваше и монтираше случаи и пресуди и на тој начин се пресметуваше со неистомислениците.
Денес, единствените кои се исплашени од профункционирањето на правната држава се Никола Груевски и неговите соработници кои преку децениското криминално владеење им нанесоа огромни штети граѓаните и државата.
Владата предводена од СДСМ, во интерес на граѓаните, започнува реформски процес кој согласно европските пракси и препораките од Извештајот на Прибе, ќе донесе професионално, независно и неселективно судство.
Наместо досегашното партизирано сваровски судство, Македонија ќе добие независно и професионално судство. Република Македонија мора да биде и ќе биде правна држава во која законите ќе важат за сите подеднакво без разлика на нивната етничка, верска, политичка или каква било припадност.
Скопје, 26.06.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА