fbpx

Проблемот со депонијата интензивно се решава, ВМРО-ДПМНЕ да престане да прикажува лажна загриженост!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Проблемот со струшката депонија се решава интензивно со сета рапсоложлива механизација. Пожарот на депонијата веќе се гаси, по што ќе следува затрупување на депонијата и нејзино целосно расчистување. Владата предводена од СДСМ ефикасно и трајно ќе го реши доглогодишниот проблем со струшката депонија за кој ВМРО-ДПМНЕ 11 години не направи ништо.

Лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да бара решение за проблемот дури откако Владата предводена од СДСМ формираше соодветна комисија чии што задолженија интензивно се спроведуваат на терен и се преземаат мерки за гаснење на пожарот и целосно решавање на проблемот со депонијата. ВМРО-ДПМНЕ од позиција на власт 11 години го игнорираше овој, како и многу други проблеми на граѓаните на Република Македонија. Денес, како опозиција, ВМРО-ДПМНЕ за ситни политички поени прикажува лажна загриженост за проблемите на граѓаните, барајќи итни мерки дури откако тие веќе се спроведуваат.

СДСМ, преку реформската Влада што ја предводи, целосно се посвети на санирање на штетите што зад себе ги остави 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ И е цврсто определена да спроведе реформи кои ќе донесат добар живот за сите. Наместо да покажува лицемерна загриженост, ВМРО-ДПМНЕ треба да биде конструктивна опозиција и да ги поддржи мерките и реформите кои ќе донесат здрава животна средина, правда и живот за сите.

Скопје, 16.06.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести