fbpx

Колева: Навредата на министерката Кочоска беше многу ниска и допре до сите жени

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Колева: Навредата на министерката Кочоска беше многу ниска и допре до сите жени

Навредите кој министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ги упати кон пратеничката Славјанка Петровска, беа на едно многу ниско ниво и тоа е неприфатливо однесување, кое не смееме да дозволиме да стане пракса. Ние како Форум на жени веднаш реагиравме и тоа остро. Побаравме таа да се извини и да даде оставка, но министерката не само што не се извини, туку таа продолжи, и кажа дека нема за што да се извинува, и дека оваа тема за неа е затворена, рече претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Даниела Колева во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ 24.

Колева потенцираше дека и покрај изјавата на министерката дека оваа тема е затворена, јавноста и граѓаните не сака да се затвори темата, затоа што нејзината навредлива изјава допре до сите жени и воопшто до сите семејства.

„Јавноста реагираше, пред сè, ние како Форум реагиравме. Побаравме оставка. Министерката направи неколку повреди, прво направи институционална повреда со тоа што не ги испочитува пратеничките прашања. Прашањето беше во нејзиниот ресор бидејќи, се однесуваше за цените кои ги засегаат сите граѓани. Таа не знаејќи како да се одбрани, го изврте прашањето со навреда. И факт е дека направи грешка. Доблесно беше да се извини. Но, тука немаше извинување и токму тоа ги револтира граѓаните. Со нејзината изјава беше допрена секоја жена во државата. Многу лошо и на многу ниско ниво“, додаде Колева.

Таа посочи дека ваквата пракса не сме да продолжи и дека ако дозволиме вака да продолжи, тоа ќе стане прифатливо однесување, а најмалку ваквиот кодекс на однесување би бил мотив за жените во поголем број да влезат во политика.

„Улогата на жените во политиката и нивната присутност е многу важна. Иако се направи значително поместување изминатите години на бројот на жените во политика, потребно е многу работа и не чекаат голем број Закони кои треба да се донесат. Унапредувањето треба да се донесе со консензус и сите жени треба да седнат на маса и да се договорат. Ние носиме законски решенија, но имплементацијата е важна.“, изјави Колева.

Последни вести