fbpx

Филипче изрази сочуство: Во овие тешки моменти, најважна е поддршката и заедништвото

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Филипче изрази сочуство: Во овие тешки моменти, најважна е поддршката и заедништвото

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче изрази сочувство до семејствата и блиските на настраданите во страшната тагедија во Кочани.

„Со тешко срце ја примив веста за страшната трагедија во Кочани. Ова е црн ден за Македонија. Загубата на толку многу млади животи е ненадоместлива болка за семејствата, за нивните пријатели, за сите нас.
Во овој момент на длабока тага, сакам да изразам најискрено сочувство до семејствата кои изгубија најблиски и да им посакам брзо закрепнување на повредените. Во вакви моменти, единствено што е важно е солидарноста и поддршката.
Ги повикувам сите институции, здравствените работници, но и целото општество да се обединиме во помошта за настраданите и нивните семејства. Како лекар, стојам на располагање за секој вид помош што можам да ја дадам во оваа тешка ситуација.
Сега не е време за поделби, туку за обединување во тагата и во напорите да помогнеме.“ стои во објавата на претседателот Филипче.

https://www.facebook.com/filipce.venko/posts/pfbid02KNesonk7KC1ZQF1pDZHm6urLZE7dadKtxgL3FhNru6VUE8EZZ2HEnMZVAX3XdzJ5l

Последни вести