fbpx

Парламентарното мнозинство е власт, Иванов нема да ја попречи граѓанската волја штитејки криминалци!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Ѓорге Иванов нема право да се однесува тирански кон својот народ, само за да удоволи на еден човек и неговата фамилија да ги реализираат нивните криминални платформи. Со тоа Иванов е соучесник во злото што им се нанесува на граѓаните.

Граѓаните на Македонија имаат свои легитимни претставници во Парламентот. Тоа е стабилно парламентарно мнозинство кое е власт во државата! Парламентарното мнозинство има обврска и ќе ги заштити граѓанските и државните интереси, со тоа што ќе ја формира новата реформска Влада на унитарна Македонија, согласно Деловникот, Уставот и законите. Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се опозиција. Иванов нема да ги попречи демократските процеси.

 

Скопје 15.04.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести