Соопштение за јавност
Република Македонија е парламентарна демократија.
Постои парламемтарно мнозинство од 67 пратеници и тие имаат право и должност да ги изберат новиот собраниски претседател и новата Влада.
Парламентарното мнозинство е избрано од 700.000 граѓани на кредибилни избори. Тоа е претставник на народот. Не Никола Груевски. Не ВМРО-ДПМНЕ, кои се веќе опозиција.
Затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието се должни да обезбедат здрав разум и продолжување на демократските процеси, наместо да го бранат насилството на Груевски кое му треба за заштина на криминалите и од одговорност.
Груевски не е фактор. Мнозинството граѓани се фактор.
Тие ќе влезат поодлучно во обврската да обезбедат добро за сите, во економијата, општеството, во унитарна Македонија.
Нема договор со криминалци и нема амнестија, како што сака да ги постави работите Никола Груевски.
Ќе има промени и нова реформска Влада. Тоа многу брзо ќе се случи согласно Деловникот, Уставот и законите во Р.Македонија.
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА