Соопштение за јавност
Многу брзо ќе биде избран новиот собраниски претседател, а потоа и новата реформска Влада на граѓаните на унитарна Македонија, согласно Деловникот, Уставот и законите во Р.Македонија.
Одлуката е на 700.000 граѓани изразенa на кредибилни избори, преточена во 67 пратенички мандати на парламентарното мнозинство, кое има право, но и должност да ги избере новиот собраниски претседстел и новата Влада.
Никола Груевски лаже за непостоечки теми, но не смее да се заканува со насилство. Тоа е противуставно и дело казниво по закон!
Груевски не е народот. Тој не е фактор. Граѓаните се фактор, а тие избраа заедништво, правда и промени и тие ќе се случат.
Мирен трансфер на власта е врвен државен интерес на граѓаните и на Македонија!
Секој кој ќе се обиде да ја попречи волјата на мнозинството и да дејствува спротивно на државните интереси ќе се соочи со својата одговорност.
Груевски има интерес да ја дестабилизира државата затоа што се надева дека така ќе избегне одговорност за криминалите.
Укажуваме на институциите и на вработение во нив, дека има ново парламентарно мнозинство и дека се должни да ги овозможат демократските процеси согласно мнозинската волја на граѓаните од изборите.
Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се опозиција!
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА