Соопштение за јавност
Новата реформска Влада, ќе изгради нови патишта и ќе изврши реконструкција на сите патни правци кои со години беа заборавени од страна на власта во заминување. Согласно програмата на новата реформска Влада, Владата ќе усвои план за инвестиции во патната инфраструктура од 3 милијарди евра во следните 10 години. Преку овие инвестиции, новата Влада ќе обезбеди изградба на 600 километри автопатишта и експресни патишта, 550 километри магистрални и регионални патишта и 1.000 километри локални патишта.
Никола Груевски нема морално право да ветува ништо повеќе. Тој имаше цели десет години да овозможи нови и модерни патишта, но наместо тоа, тој и неговите соработници беа заинтересирани само за провизии и тендери.
Времето на Груевски заврши. На Македонија и е потребна нова Влада и личности кои ќе работат во интерес на државата и граѓаните, наместо да се грижат за своите лични интереси. Затоа, под итно мора да се деблокираат демократските процеси и новата реформска Влада што поскоро да почне да работи на решавање на потребите и проблемите на граѓаните.
Скопје, 02.04.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА