Соопштение за јавност
Ѓорѓе Иванов не смее повеќе да штити криминалци и мора да овозможи мирен трансфер на власта!
Со Ваквото негово однесување, Иванов претставува директна закана за државните интереси на Република Македонија!
Европа и светот гледаат дека однесувањето лично на Ѓорге Иванов не се заснова на демократски начела, пристојност и здрав разум!
Затоа е таква и последната порака од лидерите и институциите на ЕУ, што во Македонија ја пренесе претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.
Иванов и Груевски не смеат повеќе да работат на создавање бинационална држава и да го кочат заедништвото, посебно кога е тоа јасно нагласено за напредувањето на Македонија кон членството во ЕУ и НАТО.
Интергациите во Европската унија и НАТО се стратешки определби на граѓаните и на Република Македонија.
Реформските процеси се врвен приоритет во Програмата на новата реформска Влада на унитарна Македонија, којашто обезбедува владеење на правото и квалитетен живот во едно општетство за сите граѓани.
За заедништво се изјаснија над 700.000 граѓани на Македонија, чиишто гласови се преточени во 67 пратенички мандати.
Тоа е демократски формирано парламентарно мнозинство, кое што застана зад претседателот на СДСМ, Зоран Заев и мнозинската волја на граѓаните ќе се реализира. Ќе се формира новата реформска Влада на граѓаните на Република Македонија!
03.04. 2017, Скопје
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА