Соопштение за јавност
Ќе има нови училишта, но нив ќе ги изгради новата одговорна Влада на граѓаните на Македонија.
Граѓаните знаат дека власта на ВМРО-ДПМНЕ во заминување имаше 10 години да направи нешто во образованието. Но криминалната власт избра да потроши над 630 милиони евра за барок во гипс. А ги остави учениците во студени и руинирани училишта, во влага и мувла.
Граѓаните затоа се изјаснија за промени, бидејки не сакаат повеќе нивните деца да учат во распаднати училишта и да се разболуваат поради лошите услови во нив.
Затоа итно е потребно да се испочитува мнозинската волја на граѓаните и да се формира новата Влада којашто ќе изгради нови училишта, ќе ги реновира постоечките и ќе воведе квалитетен образовен систем.
Скопје, 19.02.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА