Соопштение за јавност
Кредитната агенција Фич ја остави Македонија во групата земји со проблематичен кредитен рејтинг, откако лани го намали кредитниот рејтинг на Македонија за едно ниво.
Со ова се потврдени лошите економски политики во Македонија што ја оставија земјава и натаму ризична за кредитирање и со услови на повисоки камати поради таквиот статус.
Кредитниот рејтинг на Македонија е спуштен уште во 2009 година.
Тогаш прва кредитната агенција Стандард и Пурс го намали кредитниот рејтинг на земјава на ББ нивото.
Во 2013 година истата кредитна агенција повторно го намали кредитниот рејтинг на земјава на ББ – (минус).
Минатата година и Фич го намали кредитниот рејтинг на Македонија на ББ.
Сето ова е резултат на катастрофалните економски политики на 10-годишната криминална власт којашто прекумерно и неконтролирано ги задолжува граѓаните и државата и нетранспарентно раководи со јавните финансии.
Така што неуспешна манипулација се оправдувањата дека загрозените економски перспективи на земјата се резултат на политичката криза, којашто е и создадена од криминалната власт за одржување на криминалните интереси.
Но на сето ова ставија крај граѓаните кои избраа промени, правда и квалитетен живот наспроти криминалот на режимот.
Затоа итно е потребна нова и одговорна Влада според мнозинската волја на граѓаните којашто што ќе води реални економски политики, ќе го крене економскиот стандард на граѓаните и ќе придонесе кон економски напредок на Македонија.
Скопје, 18.02.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА