Соопштение за јавност
Ќе има живот и ќе има правда во Република Македонија. Така одлучија над 612.000 граѓани од сите етнички заедници кои избраа промени. Граѓаните избраа промени бидејки на своја кожа ги почувствуваа злоупотребите и зло делата на власта на Никола Груевски.
Пред две години, точно од овој ден, кога беше објавена првата прес конференција од проектот Вистината за Македонија, граѓаните лично и слушнаа каква неодговорна, несовесна, криминална власт демнела врз нив и управувала со нивните животи, наместо да се грижи за нивните реални потреби.
Поради тоа 9 февруари 2015 година ќе остане светол датум во политичката историја на Македонија, но и во регионални и светски рамки, како порака дека нема бегање од вистината и дека не постои некој кој е недопирлив за правдата.
Чесни и храбри граѓани, на мирен и достоинствен начин, предавајки ги материјалите од скандалозното прислушување, ги симнаа маските на режимската власт. Огромно мнозинство одговорни граѓани со пенкало и глас на 11 декември избраа живот наместо режим.
Затоа, власт како досегашната на Никола Груевски не смее повеќе никогаш да и се повтори на Република Македонија.
Граѓаните избраа нова одговорна Влада и само таква влада носи живот за сите во Македонија и перспективи на државата.
Скопје, 09.02.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА