fbpx

Доаѓа живот! Нов Универзитетски клинички центар во Скопје за сите граѓани!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Ќе изградиме нов, модерен и функционален Универзитетски клинички центар во Скопје. Ќе обезбедиме висококвалитетни услуги за сите луѓе во Македонија. Ќе го вратиме концептот на единствен Универзитетски клинички центар во којшто сите клиники ќе бидат функционално поврзани.

Вие граѓаните така избравте и наша задача е тоа да го направиме. И ќе го направиме.

Заврши времето на лаги на досегашната власт. Меѓу најголемите лаги е најавата дека до 2 јануари 2017 годиниа, Скопје и Македонија ќе добијат нов Клинички центар.

Денеска е 2 јануари 2017. Нов Клинички центар во Скопје нема. Од ветувањето лично на Никола Груевски кој со Никола Тодоров на 2 јануари 2014 се шеташе покрај поставените тараби во Клиничкиот центар во Скопје, денес реалност се се уште само тарабите.

Ја нема ни ветената Клиничка болница во Штип, најавената реконструкција на болница во Струмица, во лоша состојба се болниците во Прилеп, Охрид, Битола и речиси сите здравтсвени домови низ земјава во коишто нема основни услови за функционирање.

Ние, како што се обврзавме во Планот за живот што го поддржавте, освен изградба на нов Универзитетски клинички центар во Скопје, ќе се спроведеме и темелно реконструирање и опремување на сите клинички болници низ Македонија.

Граѓаните на Македонија заслужуваат квалитетно здравство.

Доаѓа живот. Од оваа 2017 година почнуваме да го создаваме животот што го избравме.

 

Скопје, 02.01.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести