fbpx

Доаѓа живот! Почнуваме да го создаваме животот што го избравме!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Од оваа 2017 година почнуваме да го создаваме животот што го избравме.

Македонија ќе биде држава на финансиски стабилни семејства, на насмеани деца и на среќни граѓани.

Ќе ги покачиме платите. Ќе ги поддржиме домашните претпријатија за да отворат нови работни места и да можат да даваат повисоки плати на вработените. Сите пари ќе ги насочиме кон граѓаните, индивидуално, преку враќање на 15 проценти од платениот ДДВ во потрошувачките сметки на секој граѓанин. И општо, кон здравството – за бесплатно боолничко лекување на сите, кон образованието – за квалитетно образование со помалку часови, а поголем успех, кон социјалата – за никој да не е гладен и без дом. Ќе подигнеме институции за граѓаните. Македонија ќе ја поставиме на здрави основи, ќе биде држава на слободни и еднакви граѓани, праведно и правично општетство.

Република Македонија ќе ја водат мудри и ведри луѓе, кои сакаат и знаат како да се издигнат над своите интереси.

Ваков живот избравме.
Ова е нашата задача и ќе го направиме заедно со вас граѓаните.

Се отвораме за сите. И за вас со кои марширавме по улиците, и за вас со кои одлучувавме за добрата иднина на Македонија, и за вас кои бевте под притисоци.

За сите доаѓа живот.
Секој беше важен. Секој е важен. И секој ќе биде важен.
Продолжуваме заедно. Ќе го создадеме животот што го избравме.

 

 

Скопје, 01.01.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести