fbpx

Промените се незапирливи, Груевски знае!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

На изборите на 11 декември граѓаните изгласаа промени.
Гласаа за добар живот, повисоки плати, силни домашни фирми, парите да се вратат кај граѓаните, инстутуциите да работат во служба на граѓаните и за правда за сите.

Над 600.000 граѓани се изјаснија дека повеќе нема место во политиката за ликови како Никола Груевски, нема криминали, нема крадења избори како што тоа го правеле од ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа што го носат промените го избезумува Никола Груевски.
Затоа те тој се заканува, те го праќа Тодоров да плаче.

Република Македонија ќе добие Влада на своите граѓани. Демократските процеси се почнати и назад нема, тоа го знае и Груевски. ВМРО-ДПМНЕ оди во опозиција. Доаѓа живот.

 

Скопје,20.12.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести