fbpx

Мицкоски ги откри намерите за данокот за немажени и неженети, доцна е за правдање

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Попусто Мицкоски се обидува „да се испере“ за најавениот данок за немажени и неженети, тој јасно ги откри своите намери и своите политики. Откако сфати дека отпорот кон неговата идеја е огромен, Мицкоски побрза да се вади, но уште повеќе се заплетка.

Не е точно дека Мицкоски се обидувал да го сврти вниманието на опаѓачкиот наталитет. Вистината е дека тој навистина би го вовел данокот и таа желба јасно ја кажа. Ова потврдува дека човекот единствено го интересира како да ги оданочи граѓаните, како да им ги скрати правата и слободите и како да го наполни буџетот.

Впрочем, ова Мицкоски го прави и преку сите други политики. Затоа лажно е неговото правдање,а намерите и неговиот авторитарен карактер се веќе откриени. Прашање е само на време кога Мицкоски ќе воведе нови давачки за граѓаните, додека тој, неговите олигарси и функционерите ќе уживаат во приватни авиони, папаја и манго.

Граѓаните треба да знаат дека изјавата на Мицкоски е јасна потврда за тоа што навистина го мисли, а манипулација се неговите извинувања и правдања. Токму тоа би била неговата желба, секако ако граѓаните тоа го дозволат и молчат.

Затоа, Мицкоски треба да знае дека е прочитан како буквар, а неговите авторитарни тенденции избиваат од секоја негова изјава.

Последни вести